Докторот кој го обвини Јамал за допинг, ќе биде главен во Реал Мадрид!

Хрватскиот доктор, Нико Михиќ наскоро повторно ќе стане шеф на медицинскиот тим на Реал Мадрид, објавуваат шпанските медиуми.

Овој доктор кон крајот на минатата сезона го обвини Ламин Јамал дека користи допинг и дека на рацето носи завои со цел да ги сокрие убодите од игли.

Новинарот Хави Мигуел тврди дека Барселона го тужела хрватскиот доктор поради клевета и дека тој ќе мора да се појави пред суди поради изговорените зборови.

Докторот Михиќ беше шеф на медицинскиот тим на Реал Мадрид во периодот од 2017 до 2023 година, а сега повторно ќе се врати на таа функција.