Џошуа скршен од болка по трагедијата: Не знаев дека се толку посебни (ФОТО)

Ентони Џошуа објави порака на социјалните мрежи по сообраќајната незгода во која загуби двајца тренери и големи пријатели.

Познатиот боксер и бивш шампион во тешка категорија објави емотивна порака во која се потсети на заедничките моменти со пријателите.

„Ви благодарам за љубовта и грижата која ја покажавте кон моите браќа. Не ни знаев дека се толку посебни“, напиша Џошуа.