ПСЖ на пенали му пресуди на несреќниот Марсеј во Суперкупот на Франција (ВИДЕО)

Францускиот гигант ПСЖ славеше против Олимпик Марсеј на пенали и го освои трофејот во Суперкупот на Франција.

Осман Дембеле по само 13 минути ја затресе мрежата на Марсеј за предност од 1-0 на парижаните.

Марсеј направи одредени измени во вториот дел и тргна по израмнувачки погодок, а конечно успеа да погоди преку Гринвуд од пенал во 76. минута.

Тимот на Роберто Де Зерби наскоро направи и целосен пресврт со автоголот на Пако во 87. минута, а Рамош дури во петтата минута од судиското надополнување успеа да го спаси ПСЖ и да избори пенали.

Парижаните не направија ниту една грешка во пенал-рулетот, па стрелаа Витиња, Рамош, Мендеш и Дуе, додека кај Марсеј промашија О’Рајли и Траоре, а само Муриљо успеа да го реализира ударот од белата точка.