Арсенал му ги расипа плановите на Сити - нуди 50 милиони евра за желбата на Пеп!

Арсенал и Манчестер сити водат битка за титулата во Премиер лигата, а очигледно водат борба и на трансфер-пазарот за еден од најпосакуваните фудбалери оваа зима, Марк Гуеи од Кристал Палас.

Манчестер сити успеа да го договори Антоан Семењо за 75 милиони евра, по што веднаш тргна по Гуеи, но сега се соочи со голема конкуренција од „топчиите“ кои нудат 50 милиони евра за желбата на Пеп Гвардиола.

Дефанзивецот дефинитивно ќе го напушти Кристал Палас, па затоа гигантите се обидуваат да го обезбедат неговиот потпис што е можно побрзо.