Крај на сите надежи: Реал без Мбапе во Суперкупот

Најдобриот стрелец на Реал и во шпанското првенство Килијан Мбапе дефинитивно ќе го пропушти Суперкупот  на Шпанија кој се одржува од утре до недела.

Минатата седмица беше објавено дека тој има повреда на коленото, но во клубот до последен момент се надеваа дека може да заздрави навреме за да се вклучи во борбата за првиот трофеј во сезоната и покрај тоа што беше препорачан одмор од три недели. Стручниот штаб, на чело со тренерот Чаби Алонсо не сакаше да ризикува и се откажа од идејата Мбапе да игра во Саудиска Арабија .

Со оглед на тоа што по Суперкупот, Реал го очекува згуснат распоред со натпревари на секои три дена, Алонсо смета дека му е многу попотребен во првенството и во Лигата на шампионите, отколку во Суперкупот каде в четврток, неговиот се среќава со градскиот ривал Атлетико. Местото во нападот речиси сигурно ќе го пополни Гонзало кој постигна хет-трик против Бетис во неделата.