Одреден конечниот список за ЕП - во последен момент отпадна еден играч
Пред патувањето, селекторот Кирил Лазаров го одреди конечниот список од 19 ракометари на кои ќе смета за континенталниот шампионат:
1. Иван Галевски
2. Петар Атанасијевиќ
3. Никола Костески
4. Филип Кузмановски
5. Игор Ѓорѓиев
6. Жарко Пешевски
7. Михаил Аларов
8. Мартин Велковски
9. Самоил Ристевски
10. Никола Митревски
11. Мартин Томовски
12. Иван Џонов
13. Ненад Костески
14. Марко Митев
15. Павле Атанасијевиќ
16. Марко Стојковиќ
17. Никола Марковски
18. Мартин Серафимов
19. Дамјан Митев
Согласно натпреварувачката форма и здравствената состојба на играчите, последниот ракометар кој беше дел од досегашниот процес на подготовки, а по одлука на стручниот штаб отпадна од списокот патници на Европско, е Мартин Ивановски.
Македонската машка ракометна репрентација во раните утрински часови ќе отпатува во Швајцарија, каде финалното темпирање на формата ќе го има на пријателските натпревари во рамки на ,,Жолтиот куп".
Распоред на натпреварите:
08.01. Македонија - Бахреин, 20:30 ч.
09.01. Македонија - Украина, 17:45 ч.
10.01. Македонија - Швајцарија, 18:30 ч.