Вардар го продолжи договорот и со Спахиу!

Почетокот од зимскиот преоден рок Вардар го користи да ги продолжи договорите на дел од своите фудбалери, клубот потврди дека Едиз Спахиу ќе го носи црвено-црниот дрес и во наредните две години.

Вардар и Спахиу потпишаа продолжување на соработката до јуни 2028 година.

„Роден во Гостивар, 24 годишниот напаѓач на Вардар, Едиз Спахиу, ја продолжи верноста со најтрофејниот клуб уште две години.
 Минатата година во зимскиот преоден рок прејде од екипата на Тиквеш, со која го освои трофејот Куп на Македонија една година претходно, за да минатата година со екипата на Вардар повторно го подигне победничкиот пехар на Купот на Македонија.
 Се работи за изворедно брз, експлозивен, интелегентен играч од нападот, од кого црвено-црните очекуваат уште многу погодоци во противничките мрежи, притоа обезбедувајќи услови за тренинг и напредок како во ниту еден клуб во државата.
ФК Вардар и Спахиу заедно ќе бидат до јуни 2028 година“, стои во соопштението на ФК Вардар.