Партизан ангажира Нигериец како замена за Тајрик Џонс!
Со неговото доаѓање и црно-белите од денеска ќе има Нигериец во својот ростер, додека Црвена Звезда веќе подолго време располага со четворица кошаркари од оваа земја. Џекири во Партизан пристигнува од редовите на ЦСКА Москва, каде што ги помина последните две сезони, а зад себе има богато искуство на највисоко европско ниво. Низ кариерата настапуваше за неколку звучни имиња во Евролигата како Фенербахче, Уникс, Асвел и Басконија, како и за клубови како Газијантеп, Остенде и Бандирма.

Белградскиот клуб официјално го потврди трансферот, нагласувајќи дека поранешниот центар на ЦСКА ќе го носи дресот со број 23. Џекири е висок 213 сантиметри, роден е на 23 јули 1994 година, а во својата кариера има освоено трофеи во ВТБ лигата, како и во белгиското првенство.
Иако трансферот е веќе комплетиран, новото засилување нема да му биде на располагање на тренерскиот штаб за утрешното гостување кај Монако, па неговото деби во дресот на „црно-белите“ ќе почека.