Димитријевиќ пред кам-бек во Евролигата! (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ би можел повторно да заигра во Евролигата, тврдат вечерва бројни европски медиуми.

Според нив, нашиот плејмејкер е пред заминување од Зенит, а кариерата би можел да ја продолжи во тимот на Баерн кој неодамна го назначи Светислав Пешиќ за нов тренер. Сезонава тој има просек од 12 поени, 5,7 асистенции и 3 скока по натпревар во ВТБ лигата, но очигледно бара нов предизвик во Евролигата по неуспешниот настап во Олимпија Милано.

Најверојатно ќе се случи размена на играчи бидејќи во спротивна насока ќе се упати канадскиот кошаркар Ксавиер Ратан Мејс кој е член на Баерн.