Арсими брзо во новата година промовираше засилување!
24-годишниот фудбалер доаѓа како слободен играч, а последен клуб во неговата кариера беше Струга со која освои две шампионски титули. Нигериецот претходно настапуваше и за неколку клубови во татковината, како и за Лиепаја од Летонија.
Укпа беше без ангажман од јуни минатата година, по разделбата со стружани, а во Арсими од него очекуваат да донесе дополнителен квалитет и свежина во средниот ред.
По завршувањето на есенскиот дел од шампионатот, Арсими се наоѓа на петтото место на табелата со 22 бода, остварени преку шест победи и четири нерешени натпревари.