Искусен Србин ќе биде третиот тренер на МРК Куманово оваа сезона!
Тој доаѓа по ангажманот во РК Леотар, а зад себе има богата тренерска кариера во машкиот и женскиот ракомет. Во досегашната работа ги водел и екипите на МРК Горажде, МРК Врање, МРК Металац Краљево, МРК Зајечар и МРК Железничар од Сараево, како и женските тимови на ЖРК Напредак, ЖРК Бамби Пожаревац, ЖРК Металац и грчкиот Орми Патрас. Во неговото портфолио се и значајни репрезентативни ангажмани – бил селектор на женската јуниорска репрезентација на поранешната Србија и Црна Гора, машката кадетска репрезентација на Србија, како и машката сениорска селекција на Босна и Херцеговина.
Радосављевиќ е третиот тренер на кумановци сезонава, по Аце Станковски, кој почна и Љубиша Димковски. МРК Куманово по 18 одиграни кола во Суперлигата се наоѓа на десеттото место на табелата, со седум освоени бода. Новиот тренер дебито ќе го има во дуелот со лидерот на табелата Вардар 1961 во меч закажан за во февруари.