Возачот на Џошуа е обвинет за сообраќајната несреќа!

Нигериската полиција покрена обвинение против возачот Кајоде Аденији кој управуваше со автомобилот во кој животот го загубија двајца, а Ентони Џошуа беше повреден.

Тој е обвинет за предизвикување на смрт со опасно возење.

Несреќата се случи во понеделникот на 29. декември. Џошуа со својот тим патуваше со автомобил во Нигерија, а според првите информации возачот со голема брзина се обидел да престигне друго возило, во тој момент се дупнала гума, поради што возачат ја загубил контролата и се удрил во нелегално паркиран камион.

Ударот бил толку силен што двајцата од тимот на Џошуа кои седеле од десната страна на автомобилот, загинаа.

Кајоде Аденији, возачот и долгогодишен член на логистичкиот тим на Џошуа во Нигерија бил веднаш пренесен во болница. А веднаш откако бил отпуштен полицијата го привела и го однела на испитување. Против него е покренато обвинение и се терети за повеќе прекршоци вклучително и предизвикување на смрт со опасно возење.

Возачот возел значително повеќе од 200 километри на час колку што било дозволено.