Македонија е комплетна - Томовски се приклучи на репрезентацијата!

Ракометната репрезентација на Македонија се комплетираше откако на тимот му се приклучи и голманот Мартин Томовски кој беше единствениот кој недостасуваше.

Томовски имаше клупски обврски до крајот од годината, па сега му се стави на располагање на селекторот Кире Лазаров.

По пријателскиот меч во Пореч против Хрватска, Македонија повторно тренира во Скопје каде што ќе остане во наредните четири дена и ќе има по два тренинзи во салата „Автокоманда“.

За 7 јануари е предвидено патување кон Швајцарија, таму ќе настапиме на турнирот „Жолтиот куп“ каде се уште и селекциите на домаќинот и Бахреин и Украина.

Од Швајцарија македонските ракометари директно летаат за Данска каде од 16 јануари ќе го почнеме настапот на Европското првенство.