Лошо почна годината за Ал Наср - сега и првото место е во прашање (ВИДЕО)

Откако пред крајот на 2025 ја прекина победничката серија и првпат одигра нерешено, Ал Наср вечерва го доживеа првиот пораз сезонава во саудиското првенство.

Тимот на Кристијано Роналдо загуби во дербито со Ал Ахли на гостински терен со 2-3, па можно е в недела да го испушти и првото место на табелата, ако Ал Хилал ја оправда фаворитската улога и слави на гости кај Дамак. Вечерва не им одеше на најдобрите стрелци во лигата Кристијано Роналдо и Жоао Феликс кои не само што не се запишаа во листата на стрелците, туку и не учествуваа при постигнувањето на некој од головите.

Ал Хилал водеше со 2-0 по 20 минути игра со головите на Тони, до крајот на полувремето Ал Наср израмни преку Ал Амри, а Митхат Демирал на стартот од вториот дел го постави конечниот резултат. До крајот двата тима останаа со по фудбалер помалку, но исходот не се промени.