Тајрик Џонс му се налути на Партизан и ги избриша сите фотографии со црно-белиот дрес (ФОТО)
Незадоволниот центар од Харфорд влезе во Новата година со „освежена“ страница на Инстаграм, на која нема ниту една фотографија од опремата на клубот за кој игра веќе година и пол. Се чини дека Џонс, кого некои навивачи на Партизан го обвинуваат за саботирање на поранешниот тренер Жељко Обрадовиќ, повеќе не се гледа себеси како играч на белградскиот клуб со што ги подгреа шпекулациите за можно заминување од Белград.

Според договорот, тој сепак се уште е член на Партизан, а времето за негов трансфер во тим од Евролигата во текот на оваа сезона полека истекува.