Семењо на двојна задача - ќе му помага на Сити иако уште не е негов член
Од четирите клуба што покажаа интерес за него, тој ги избра „граѓаните“ и прашање на време е кога ќе се приклучи на тимот на Пеп Гвардиола. Она што е јасно е дека тој ќе биде дел од тимот на Борнмут против Арсенал, а во клубот се надеваат дека би можел да игра и на 7 јануари против Тотенхем.
Можеби ова е многу добра ситуација за самиот Манчестер Сити бидејќи Борнмут со Семењо во тимот би бил многу поконкурентен со Арсенал, кој му е конкурент за трофејот.
„Семењо ќе игра против Арсенал. Ништо не е потпишано. Идејата, засега, е тој да биде во составот за следните два натпревари што ги имаме за краток временски период. Се надевам дека ќе може да остане некое време, но не знам што ќе се случи“, рече менаџерот на Борнмут, Андони Ираола.
Манчестер Сити ја финализира документацијата за неговиот трансфер и тој треба да стане нов играч на овој тим најдоцна до 10 јануари.