Младата ѕвезда на Баерн ги шокира навивачите: Сонувам да играм за Реал (ВИДЕО)

Талентот на Баерн Минхен, Ленарт Карл предизвика револт кај навивачите на германскиот гигант откако изјави дека негов сон е да заигра за Реал Мадрид.

Тој тоа го изјави на забавен настан на фан-клуб на кој присуствуваа и други фудбалери на Баерн, како и навивачи на шампионот на Германија. Мора да се истакне дека од водителот беше прашан кој е клубот за кој би сакал да игра во иднина, но сепак одговорот на Карл е изненадувачки поради начинот на кој го опиша Реал.

„Секако, Баерн е многу голем тим. Сон е да се игра за нив. Еден ден дефинитивно сакам да одам во Реал Мадрид. Тоа е мојот клуб од соништата“, рече фудбалерот со насмевка.

Тој и Реал имаат историја бидејќи во 2008, кога имал десет години, Карл бил на проба во шпанскиот клуб. Како еден од најталентираните во регионот каде настапувал во пионерска категорија, тој поминал неколку нивоа пред да добие покана да дојде во Реал на неколкудневна проба, но на крајот на добил договор.

Оваа сезона, офанзивниот фудбалер доби шанса во првиот тим на Баерн и максимално ја искористи, постигнувајќи шест гола и две асистенции на 22 натпревара. Карл има договор со Баерн до 2028 година што и не е така далеку и можеби ќе добие шанса да ја исполни својата желба и да заигра за Реал..