Чурлинов има понуди од Полска, но Кочаели не го дава Македонецот!
Според полските медиуми Видзев Лоџ, Легија и Јагелонија сакаат да го вратат Дарко Чурлинов во полскиот фудбал.
Таквите гласини беа потврдени од КочаелиТВ каде што открија дека до клубот пристигнала и конкретна понуда од Полска.
Но, актуелниот тренер во тимот е задоволен од Чурлинов и им порачал на сопствениците дека негова желба е Македонецот да остане. Клубот ќе ги одбие сите понуди кои ќе дојдат за нашиот репрезентативец.