Арсенал го „нокаутира“ Борнмут и продолжи да чекори кон титулата (ВИДЕО)

Фудбалерите на Арсенал продолжија со одличните настапи во Премиер лигата, па така вечерва триумфираа на гости кај Борнмут со 3-2 во 20. коло од шампионатот.

Еванилсон успеа во 10. минута да донесе предност за домаќините, а Габриел ја врати неизвесноста само неколку минути подоцна со погодок за 1-1.

Деклан Рајс со два гола во вториот дел ја зголеми предноста на 3-1, по што делуваше дека Арсенал лесно ќе ги освои бодовите, но погодокот на Крупи во 77. минута внесе драма во финишот.

Борнмут се обидуваше да дојде до израмнувачки гол, меѓутоа не ги реализира своите шанси против Арсенал.

„Топчиите“ се лидери во лигата со 48 бодови, односно шест повеќе од Астон вила и седум повеќе од Манчестер сити.

Фото: Facebook/ArsenalFC