Лудница во Лондон: Рид со спектакуларен гол го остави Ливерпул без победа! (ВИДЕО)
Првото полувреме од натпреваро донесе една посериозна прилика која беше претворена и во гол. Хари Вилсон стрелаше по 17. минута за предност на домаќините. Во останатиот дел речиси и да не видовме ништо.
Во второто полувреме двете екипи создадоа по некоја прилика повеќе, Вирц израмни на 1-1 во 57-та минута, а потоа се до последните моменти гледавме мирна игра без многу прилики.
Во 94. минута Коди Гакпо постигна гол и изгледаше дека ќе биде херој за победа на Ливерпул, но само миннута подоцна Рид на спротивната страна со еден фантастичен гол ги постави конечните 2-2.
За Ливерпул ова беше второ реми во низа откако во минатот около избраниците на Слот одиграа 0-0 со Лидс.
На останатите три средби, Тотнем и Сандерленд одиграа исто така 1-1, Њукасл со 2-0 го совлада Кристал палас, а Брентфорд во најефикасниот дуел го доби Евертон на гости со 4-2.