Министерот Ристовски на Лазаров и ракометарите им посака успешен настап на ЕП (ФОТО)
На денешниот собир на избраниците на селекторот Кирил Лазаров присутен беше министерот за спорт, Борко Ристовски, кој заедно со раководството на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) – претседателот Александар Стефанов и генералниот секретар Влатко Тасевски – им даде поддршка на репрезентативците и им посака успешен настап на континенталниот шампионат.

Македонија на ЕП 2026 ќе настапи во силна група со селекциите на Данска, Португалија и Романија, а пласман во следната фаза ќе обезбедат двете најдобри екипи. Првенството ќе се одржи во Скандинавија и стартува во средината на јануари. „Црвено-жолтите“ европската авантура ќе ја отворат со дуел против актуелниот медалист Данска.







