Добро познато име ќе му ја спасува сезоната на Селтик
Во соопштението се вели дека Онил ќе го води Селтик до крајот на сезоната. Тој го замени францускиот тренер Вилфред Нанси, кој беше отпуштен претходно по серија лоши резултати. Онил, кој има 73 години, веќе го водеше Селтик оваа сезона. Тој беше назначен за привремен менаџер на Селтик на 27 октомври, откако Брендан Роџерс беше отпуштен и беше на клупата на клубот од Глазгов до 3 декември, кога Нанси беше назначен за нов главен тренер на шкотскиот тим.
Онил е добро познато име во Селтик бидејќи беше и менаџер на Селтик од 2000 до 2005 година. Во тој период освои по три титули во шкотската Премиер лига ФА Купот и еден во Лига купот, а го одведе тимот и во финалето од тогашниот Куп на УЕФА каде по голема драма загуби од Порто, предводен од Жозе Мурињо.
Покрај Селтик, ги тренираше и Нотингем Форест, Сандерленд, Астон Вила, Лестер, Норич и репрезентацијата на Република Ирска.
Селтик моментално е втор на табелата во шкотската Премиер лига со 38 бода, шест помалку од лидерот Хартс.