Пешевски: Бахреин е репрезентација за почит, но утре резултатот не е важен (ВИДЕО)

Македонската ракометна репрезентација пристигна во Винтертур каде што вечерва го одработи и тренингот пред утрешниот прв натпревар од подготвителниот турнир во Швајцарија.

Во првиот дуел утре ќе се соочиме со селекцијата на Бахреин, а пред оваа средба изјава за медиумите даде Жарко Пешевски кој потенцираше дека ќе се соочиме со една квалитетна селекција, меѓутоа за нас во овој момент е поважна играта отколку резултатот.

По секое вакво тешко патување, кратко е времето за одмор, но ние максимално се подготовивме за овој тренинг и се надевам дека ги исполнивме барањата на селекторот. На турнирот ќе играме против репрезентации кои многу ги респектираме и овие дуели сигурно добро ќе ни дојдат да се подготвиме за Европското првенство.

Бахреин е репрезентација за почит, но ние си имаме свои планови. Резултатот не е важен, фокусот е на играта, ќе се обидеме да ги намалиме сите недостатоци со цел да бидеме подобри во натпреварите кои следат“, изјави Пешевски.

Натпреварот со Бахреин го играме во 20:30 часот, додека на 9-ти јануари ќе се соочиме со Украина (17:45), а потоа на 10-ти во последниот дуел ќе ги одмериме силите со домаќинот Швајцарија (18:30).