Валверде и Родриго го решија Атлетико: Реал ќе се бори против Барселона за трофејот (ВИДЕО)

Реал Мадрид славеше во дербито против Атлетико Мадрид со 2-1 и се избори за финале во Суперкупот на Шпанија.

Натпреварот имаше одличен почеток за „кралевите“ кои успеаја да поведат со погодокот на Федерико Валверде од слободен удар во втората минута.

Родриго беше стрелец на вториот погодок за „кралскиот клуб“ во 55. минута, но набрзо Александер Сорлот погоди за 1-2 и ја врати неизвесноста во мечот.

Атлетико беше подобар противник во продолжение од средбата, меѓутоа не успеа да реализира ниту една од своите шанси, па Реал си обезбеди финале во Суперкупот, каде што ќе се соочи против Барселона.

Фото: Facebook/Real Madrid