Барселона покажа моќ и го прегази Атлетик во Суперкупот (ВИДЕО)

Eкипата на Барселона и полесно од очекуваното обезбеди место во финалето од шпанскиот Суперкуп откако денеска со 5-0 го совлада Атлетик Билбао.

Натпреварот беше решен уште во првото полувреме кога каталонскиот гигант постигна четири гола.

Феран Торес го отвори резултат во 22. минута, а во наредните 16 минути погодуваа: Фермин, Бардхи и Рафиња. Така уште по првите 45 минути прашањто на победникот веќе беше решено.

Во вториот дел Барселона го намали темпото, но постигна и уште еден гол преку Рафиња за конечни 5-0.

Во финалето сега ќе го чекаат подобриот од второто полуфинале во кое утре ќе се сретнат Реал Мадрид и Атлетико.