Верона тргна одлично, но не издржа - Наполи извлече бод! (ВИДЕО)

Екипата на Верона приреди изненадување и успеа да остане непоразена во дуелот со Наполи одигрувајќи 2-2.

Дуелот не се одвиваше според плановите на фаворитот, откако Верона уште во 16. минута ја шокираше домашната публика и поведе со погодокот на Фресе. Притисокот на гостите продолжи, па само десет минути подоцна изборија и пенал, кој Орман сигурно го реализираше за водство од 2-0, резултат со кој двата тима заминаа на одмор.

Во второто полувреме Наполи значително го засили темпото во тргна по пресврт. Во 54. минута Скот Мектоминеј донесе надеж со намалување на резултатот на 2-1. Домашните мислеа дека стигнаа и до израмнување во 72. минута, кога Хојлунд ја затресе мрежата, но погодокот беше поништен по ВАР интервенција поради игра со рака.

Сепак, Наполи дојде до израмнување преку Џовани Ди Лоренцо кој погоди по по асистенција на Марианучи за конечни 2-2.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас натпреварот го започна во офанзивна улога по десната страна, заменувајќи го повредениот Нерес. На теренот остана до 63. минута, кога беше заменет токму од Марианучи кој му асистираше на Ди Лоренцо.