Барса ја наполни мрежата на Атлетик за едно полувреме! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона одиграа лудо полувреме против Атлетик Билбао и по првите 45 минути имаат предност од 4-0.

Гол шоуто за каталонскиот гигант започна во 22 минута кога погоди Феран Торес, осум минути подоцна погоди и Фермин, додека во 34. Минута Бардхи се погрижи за 3-0. Не застанаа тука избраниците на Флик, па така Рафиња во 38-та минута обезбеди и предност од четири гола.

Практично, ако не се случи некакво чудо во второто полувреме, Барселона веќе го обезбеди пласманот во финалето од Суперкупот каде што ќе игра против подобриот од мадридската пресметка помеѓу Реал и Атлетико.