Јакимовски скромен во поразот на Тренто во Еврокупот

Андреј Јакимовски со својот Тренто доживеа пораз на гости кај Турк Телеком со 92-86 во рамки од 13. коло сезонава.

Домашниот состав од почетокот до крајот константно за нијанса беше подобриот тим на теренот, па така на крајот може да се каже и дека заслужено славеа победа. За турскиот состав пак тоа беше осми триумф во второто по ранг европско натпреварување.

Јакимовски на теренот помина 20 минути во кои даде скромен учинок од шест поени, три скока и една асистенција