Поранешен селектор на Англија итно хоспитализиран, му откриле рак!

На поранешниот тренер на Њукасл и селектор на Англија Кевин Киган му е откриен рак, потврди неговиот поранешен клуб.

Киган кој денеска има 74 години бил хоспитализиран поради континуирани симптоми, а веднаш потоа започнал и со соодветен третман.

„Кевин Киган неодамна беше примен во болница на дополнителни испитувања поради постојани абдоминални симптоми. Овие испитувања открија дијагноза на рак, поради што Кевин ќе подлежи на лекување.

Кевин е благодарен на медицинскиот тим за нивната навремена интервенција и континуираната грижа. Во овој тежок период, семејството бара приватност и нема да дава дополнителни коментари“, објави Њукасл.

Низ својата кариера Киган на двапати го водеше Њукасл прво од 1992 до 1997 година, а потоа и осум месеци во 2008 година, тоа беше и неговиот последен ангажман. Исто така беше тренер уште на Фулам (1997-1999) и Манчестер сити (2001-2005), додека Англија ја предводеше само една година во 1999.