Ѓорческа само со појавување на теренот во Мелбурн ќе заработи 40.000 долари!
Зголемувањето е дел од поширока стратегија на Тенис Австралија за поддршка на тенисерите на сите нивоа – од играчи што се борат за пробив преку квалификации, до гренслем шампиони – со цел спортот да биде одржлив на долг рок. Особено значаен е растот на наградите во квалификациските рунди, кои бележат значително зголемување, како и подобрената логистичка и социјална поддршка за играчите.
Клучна вест за нашата Лина Ѓорческа е што и самото појавување во првото квалификациско коло носи награда 40.500 австралиски долари, една победа ќе ѝ донесе на Македонката 57.000 долари, а вториот триумф би значел инкасирање на 83.500 долари и место во квалификациското финале. Првото коло во главниот ждреб носи огромни, за тенисерки од рангот на Ѓорческа, бонус од 150.000 долари.
Во рамки на поединечната конкуренција, победниците во машка и женска конкуренција ќе инкасираат 4,15 милиони долари, што е раст од 19 отсто, додека финалистите ќе добијат 2,15 милиони долари.