УГД Штип го заврши настапот во Челинџ купот
И покрај тоа што Милано славеше без загубен сет во двомечот, штипјани скапо ја продадоа својата кожа. Во трите сета освоија вкупно 54 поени (18-25, 19-25, 17-25), а во секој од нив долго време беа конкурентни.
Махди Задмард со 13 поени беше најефикасен играч на натпреварот, Илиев реализира шест, а Алексов пет поени. Во осминафиналето, Милано ќе се сретне со Црвена Звезда која беше подобра од Младост од Хрватска.