Требаше да биде тешко гостување - Јуве го помина со „тројка“

Јувентус победи со 3-0 кај Сасуоло во 19. коло од Серија А во мечот кој требаше да биде тешко гостување за „бјанконерите“.

Домаќинот му ја олесни работата на поранешниот шампион откако во 16. минута автогол си постигна Тарик Мухаремовиќ. На крилјата на тој подарок, во второто полувреме Јувентус за кратко време ги реши сите дилеми околу победникот.

Фабио Мирети постигна гол во 62. минута за зголемување на водството, а Џонатан Давид го постави конечниот резултат една минута подоцна. Со оваа победа, Јувентус скокна на четвртото место и сега е три бода зад лидерот Интер, но има и два натпревари повеќе.

Торинскиот тим има четири победи и едно реми во последните пет натпревари. Ова беше петти натпревар по ред за Сасуоло без победа и моментално го држи 11. место на табелата во лигата. Во следното коло, Сасуоло гостува кај Рома, а Јувентус е домаќин на Кремонезе.