Димитријевиќ солиден на дебито, со една асистенција ги воодушеви Германците! (ВИДЕО)
Димитријевиќ одигра важна улога во победата и на паркетот помина повеќе од 17 минути во кои успеа да постигна осум поени и да додаде уште три скока и четири асистенции.
Најефикасен во победата на Баерн беше Обст кој средбата ја заврши со 37 постигнати поени, додека на спротивната страна Италијанецот Спагноло „броеше“ до 20.
По серијата порази за Баерн ова беше втор триумф во низа откако во минатото коло славеа и над Макаби.
🚨 HIGHLIGHT-ALERT! 🚨
— FC Bayern Basketball (@FCBBasketball) January 7, 2026
Wenyen Gabriel skies for the big oop, 01/07/2026
Watch all @EuroLeague games on #MagentaSport!#FCBB #WeBallTogether pic.twitter.com/WUoC9UJU0j
Во вториот натпревар кој се играше денеска порано Париз на гости го совлада Ефес со 84-79.