Ново реми на Сити, Тотнем и Челси повторно разочараа! (ВИДЕО)

Манчестер сити вечерва им приреди уште едно непријатно изненадување на своите навивачи и ремизираше против Брајтон (1-1) што за избраниците на Пеп Гвардиола беше трет нерешен резултат во низа.

Имаа повеќе од играта домаќините создаваа шанси, но реализацијата вечерва не беше на потребното ниво. Неколку идеални прилики пропушти и Ерлинг Халанд од кого најмногу се очекува.

Халанд се запиша во листата на стрелци пред крајот на првиот дел кога од пенал ги доведе „граѓаните“ во водство. Брајтон сепак, се вртати преку Митома во 60. минута и тој резултат се покажа како конечен.

Но, иако Сити создаде повеќе прилики и Брајтон знаеше да се закани на моменти.

Нерешено вечерва одигра и Астон вила против Кристал палас, па сега Арсенал има прилика со евентуална победа утре над Ливерпул да побегна на „плус осум“ на врвот на табелата.

Нови разочарувања за своите фанови приредија и лондонските Тотнем и Челси кои претрпеа порази од Брајтон со 3-2, и Фулам со 2-1.