Интер сигурен, ја доби Парма за нови три бода (ВИДЕО)

Фудбалерите на Интер не дозволија изненадување и вечерва против Парма славеа победа од 2-0, иако триумфот можеше да биде и поубедлив.

Парма вечерва беше во подредена улога и ретко ја поминуваше половината на теренот, Интер иако упати на над 20 удари кон голот на домаќините на крајот постигна само два погодоци.

Димарко пред крајот на првиот дел во 42. минута го отвори резултатот и тој резултат беше активен се до самата завршница кога Бони ги постави конечните 2-0.

На преостанатите два натпревари Фиорентина и Лацио ремизираа 2-2, додека Удинезе на гости го совлада Торино со 2-1.