Колапс на Партизан и Црвена Звезда во Евролигата
Партизан загуби на гостувањето кај Монако со 84-101 што е петти пораз во низа за тимот кој е во невидена агонија оваа сезона. Не само што францускиот прволигаш беше подобар, туку постојано се наоѓаше во убедливо водство, најмногу со 21 разлика. Партизан во финишот на третата четвртина успеа да намали на 11 поени негатива, но Монако повторно даде гас и го доигра мечот без претеран притисок, рутински и колку да ја потврди победата.
За Монако ова беше четврта победа во низа, и со неа остана на четртата позиција на табелата, додека Партизан и натаму е закован на последното место.
Црвена Звезда помина многу слично против Валенсија на домашен терен. Загуби со 89-106 од најдобриот тим во Евролигата со што го избриша сензационалниот триумф против Анадолу Ефес во претходното коло.
Клучен се покажа периодот пред крајот на првото полувреме кога Валенсија поведе со 19 разлика (54-35). Во третиот период Звезда со голем напор се доближи на четири поени негатива, но следуваше серија од 20-3 на Валенсија со која официјално беше ставена точка на сите дилеми.
РЕЗУЛТАТИ
Фенербахче - Олимпијакос 88-80
Монако - Партизан 101-84
Црвена Звезда - Валенсија 89-106
Хапоел - Дубаи 85-60
Панатинаикос - Олимпија Милано 74-87
Барселона - Макаби 93-83