Скандал во ЛШ: Италијански тим настапи со пет играчи – играа само седум минути (ВИДЕО)
Италијанскиот тим влезе во мечот со минимален можен состав и издржа само неколку минути на паркетот. По само пет минути игра, Рикардо Розато, Алесандро Капалети и Фабрицио Пуљати мораа да го напуштат теренот, оставајќи го Трапани со само двајца активни играчи. Ситуацијата дополнително се искомплицира кога младиот Луиџи Пати доби пет лични грешки, по што на три минути пред крајот на првата четвртина натпреварот беше прекинат, а Хапоел Холон беше прогласен за победник.
Во составот на Трапани настапија Капалети, Франческо Мартинели, Розато, Пуљати и Луиџи Пати, при што посебно внимание привлече фактот дека Пати (роден 2007 година) и Мартинели (роден 2008 година) ги одиграа своите први професионални натпревари. Според правилникот на ФИБА Лигата на шампионите, излегување на терен со помалку од десет кошаркари на почетокот на натпревар повлекува дисциплинска или административна парична казна. Проблемите на Трапани продолжија и во италијанското првенство, каде што викендов беше откажан натпреварот против Виртус Болоња, а мечот службено беше регистриран со 20-0 за противникот.
Колапсот на ростерот е резултат на серија повреди и заминувања како резултат на големата финансиска криза.