Тен Хаг потпиша со клуб, но нема да биде тренер

Холандскиот стручњак Ерик Тен Хаг стана нов технички директор на холандскиот клуб Твенте, објави Фабрицио Романо.

Тен Хаг е слободен агент откако беше отпуштен од Баер Леверкузен по само два натпревари во Бундеслигата оваа сезона. Иако се надеваше дека ќе ја оживее својата кариера во клубот кој ја освои двојната круна без пораз во сезоната 2023/24 под водство на Чаби Алонсо, раководството на клубот не беше задоволно.

Трофејниот тренер е легенда на Твенте и навивач од детството. Ја помина младинската академија и го предводеше како капитен до Купот на Холандија во 2001 година, еден од само трите големи трофеи во историјата на клубот. Одигра вкупно 262 натпревара, во три наврати, а еднаш изјави дека има „голема љубов“ кон Твенте.

По завршувањето на играчката, Тен Хаг ја почна својата тренерска кариера во Твенте, прво како предводник на тимот до 17, а потоа и до 19 години. Подоцна стана помошник тренер, улога што ја извршуваше сè додека поранешниот селектор на Англија, Стив Мекларен, не ја презеде функцијата во 2008 година.