Кавгата со директорот е врвот - Аморим минатиот месец бил во клинч со еден од фудбалерите

Светската фудбалска јавност очигледно била насочена на друга страна кога станува збор за прекинот на соработката меѓу Манчестер Јунајтед и менаџерот Рубен Аморим.

Општо беше мислењето дека главна причина за отказот на Португалецот е кавгата со спортскиот директор Вилкокс, но всушност, приказната е сосема поинаква. Минатиот месец, Аморим имал жестока кавга со една од ѕвездите на тимот Лисандро Мартинез и со тоа почнал процесот на негово заминување од клубот.

Тоа се случило во периодот кога „црвените ѓаволи“ се сретнаа со Кристал Палас на Селхарст Парк и Вест Хем на Олд Трафорд. Наводно, Мартинез бил фрустриран откако бил оставен на клупата иако сметал дека е подготвен да биде стартер и тоа му го посочил на Аморим. Тоа довело до караница, а сведоци тврдат дека атмосферата била максимално загреана.

Лисандро Мартинез не е единствен со кого Аморим се скарал за нешто повеќе од една година во клубот. Откако ги протера Маркус Рашфорд, Џејдон Санчо, Антони и Тајрел Маласија, влезе во конфликт и со Коби Мејну.

Се очекуваше Мејну да го напушти Олд Трафорд овој месец, но заминувањето на Аморим веројатно ќе значи дека тој сега ќе остане во тимот.