Манчестер сити експресно пронајде замена за Гвардиол (ФОТО)

Англискиот гигант Манчестер сити остана без услугите на Јошко Гвардиол, кој се повреди во дербито против Челси, но тимот од „Итихад“ веднаш реагираше и донесе замена за Хрватот.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека „граѓаните“ го отповикале дефанзивецот Макс Алејн од Вотфорд, па така младиот фудбалер се враќа од позајмица и треба да добие шанса во првиот тим на Сити.

Дефанзивецот од Англија оваа сезона настапи на 17 меча за Вотфорд во Чемпионшип-лигата и се покажа како добар фудбалер, па затоа Гвардиола сака со него да ја „закрпи“ дупката во тимот.