Аморим заминува во „Олд Трафорд“ како најлош тренер во последните години

Рубен Аморим денеска доби отказ од Манчестер јунајтед, а бројките не се на негова страна, односно беше најлош стратег на премиерлигашот во последните години.

Во ерата по Алекс Фергусон, Аморим стана најлош тренер, односно имаше најмал процент на победи, па тоа е една од причините за разделбата со „црвените ѓаволи“.

Жозе Мурињо имал 58,33 отсто победи, Ерик Тен Хаг дури 54,69 проценти, а веднаш зад нив е Оле Гунар Солшер со 54,17%. На четвртата позиција е Дејвид Мојс со 52,94 отсто, а петти е Луј Ван Гал со 52,43%.

Аморим имаше само 38,1% победи, што е огромна разлика во однос на останатите споменати тренери на Јунајтед.