Ужасна трагедија во Англија: Починал навивач на мечот меѓу Лидс и Манчестер јунајтед

Фудбалот падна во втор план на мечот меѓу Лидс и Манчестер јунајтед на „Еланд Роуд“, откако починал еден навивач пред почетокот на натпреварот.

Трагичниот инцидент се случил во пресрет на дуелот одигран в недела, а идентитетот на починатиот засега не е објавен.

„Лидс јунајтед може да потврди дека еден навивач почина откако се соочил со здравствени проблеми пред натпреварот. Мислите на сите во клубот се со семејството и пријателите на починатиот“, соопшти Лидс.