Тодоровски продолжува со Вардар – уште најмалку две години ќе биде црвено-црн!
Од таборот на „црвено-црните“ изразуваат целосно задоволство од досегашните настапи на 23-годишниот фудбалер, нагласувајќи ја неговата работна етика, дисциплината и посветеноста, како и силната желба за напредок и успех, поради што во клубот гледаат долгорочна и перспективна иднина за Тодоровски во дресот на Вардар.
Тодоровски во Вардар пристигна од Брера Струмица, додека претходно во кариерата беше дел и од екипата на Работнички.