Првиот голман на Валенсија се повреди - Димитриевски стапува на сцена!
Тој во солзи го напушти вчерашниот натпревар против Селта (пораз на Валенсија со 1-4), дури не го ни дочека крајот на теренот и на негово место мораше на голот да застане еден играч, а прегледите покажале дека има сериозна повреда на задната ложа. Повредата на Агиресабалага ја повреди и тренерот на Валенсија, Карлос Кобреран по денешниот тренинг.
„Хулен Агиресабалага нема да биде на располагање за следниот натпревар бидејќи има повреда на задната ложа“, рече тренерот.
И Димитриевски имаше повреда на адукторот, доживеана кон средината на минатиот месец, но се наоѓа во завршна фаза од рехабилитацијата и најверојатно ќе добие шанса во периодот што претстои. Следен противник на Валенсија е Елче кој гостува на Местаља в сабота во исклучителниот важниот натпревар за поранешниот шампион на Шпанија кој е во грчевита борба за опстанок во Ла Лига.