Шокантна одлука на Ѓоковиќ пред првиот Гренд слем во сезоната
На социјалните мрежи, Ѓоковиќ ги објасни причините за овој неочекуван потег.
„По внимателно разгледување, донесов одлука целосно да се повлечам од Здружението на професионални тенисери. Оваа одлука доаѓа по континуираната загриженост во врска со транспарентноста, управувањето и начинот на кој мојот глас и слика беа претставени. Сепак, стана јасно дека моите принципи и пристап повеќе не се усогласени со актуелните насоки на организацијата“, напиша тој.
На крајот од својата објава, тој испрати јасна порака.
„Ќе продолжам да се фокусирам на мојот тенис, моето семејство и придонесот кон спортот на начини што ги одразуваат моите принципи и интегритет. Им посакувам на играчите и на сите вклучени се најдобро во иднина, но за мене ова поглавје сега е затворено“, додаде Србинот.
Ѓоковиќ ги врши последните подготовки за стартот на новата сезона која ќе ја почне со турнир во Аделаида, а потоа ќе настапи на Австралија Опен.