Се создава македонска колонија на Кипар: Маркоски носи две засилувања од земјава?
Негативата до најблискиот изнесува десет бода што значи дека на Енозис ќе му треба долга победничка серија за, евентуално, да се врати во битка за опстанок. Маркоски е свесен дека му требаат засилувања, а според неофицијалните информации, побарал двајца македонски фудбалери за вториот дел од првенството.
Наводно, станува збор за двајцата поранешни македонски репрезентативци Марко Симоновски и Бесир Демири. Симоновски во моментов е член на Башкими и на 12 натпревари во домашното првенство постигна три гола и една асистенција, додека Демири го носи дресот на Работнички и во првиот дел од сезоната соработуваше со Маркоски кој краток период беше тренер на тимот од Дебар Маало.
Симоновски најголемиот дел од кариерата го помина во странство, настапувајќи во повеќе земји низ светот, додека Демири главно играше во Македонија, со кратко излети во Украина, Словачака, Албанија и Косово.