Eнцо Фернандез во 94. минута го шокираше Сити и го израдува Арсенал (ВИДЕО)

Дербито на колото во Преиер лигата помеѓу Манчестер сити и Челси заврши без победник (1-1), а за што да жалат повеќе имаат „граѓаните“.

Се играше 42. минута кога Тијани Рејндерс ја погоди мрежата на Јоргенсен. Напаѓаше Манчеестер сити повеќе, Халанд пропушти одлични прилики, а во една и ја погоди стативата.

Во вториот дел Челси како малку да се разбуди, гледавме напади и на двете страни, а кога избраниците на Пеп не го одлучија победникот стигна казната во последните моменти. 

Аргентинецот Енцо Фернандез во четвртата минута од судиското продолжение ја погоди мрежата на Донарума и така ги израдува навивачите на „сините“, но и оние на Арсенал кој по ова коло ќе ја зголеми предноста на врвот на табелата.

За „граѓаните“ ова е второ реми во низа откако во минатото коло одиграа без голови против Сандерленд.