Партизан го избриша Тајрик Џонс - сѐ е подготвено за негово заминување

Американскиот интернационалец Тајрик Џонс повеќе не фигурира на списокот на кошаркари на Партизан во Евролигата.

Раководството на клубот одлучи да ја прекине соработката со него откако минатиот месец беше посочен како главен виновник за лошата атмосфера во екипата и заминувањето на Жељко Обрадовиќ. Последните денови се појавија многу шпекулации во врска со неговата иднина, а со оглед на тоа што утре е последен ден од преодниот рок во Евролигата, следните 24 часа се клучни за заклучување на трансферите.

Грчки медиуми вечерва објавуваат дека Џонс ќе ја продолжи кариерата во тимот на Олимпијакос. Партизан од неговиот премин ќе добие 500 илјади евра што е одлично ако се знае дека Американецот оваа сезона беше далеку под неговиот ефект од лани.

Неговиот договор со Партизан беше со важност до јуни 2027 година. Партизан има краток период да донесе замена за Џонс на центарската позиција иако шансите на тимот да се пласира во плејофот од Евролигата речиси и да не постојат.