Газдата на Панатинаикос удри по играчите: Знам колку од вас беа пијани во 5 часот пред два дена
Неверојатен факт, а секако Димитрис Јанакопулос, контроверзниот сопственик на „зелените“, беше многу лут по поразот на својот тим. Првиот човек на Панатинаикос е познат по своите бурни изјави, една такви имал и по натпреварот во „ОАКА Арена“:
„Почитувајте го клубот и вашите договори, илјадници навивачи не спиеја поради вас. Во минатото бев многу строг кога станува збор за дисциплина и однесување надвор од теренот. Можеби најстрогиот од сите сопственици на клубови во Европа. Знаете, има натпревари чија важност мора да ја разбереме“, им порачал Јанакопулос на кошаркарите и стручниот штаб.
Тој исто така истакна дека некои играчи го прекршиле кодексот на однесување:
„Има некои работи што не можам да ги прифатам. Знам кој пиел алкохол, колку пиел и кога пиел. Нема да спомнувам имиња, но знам кои се тие. Пред два дена, бевте пијани во пет часот наутро. Не можам да го прифатам тоа“, додаде контроверзниот сопственик на ПАО.