Официјално: Димитријевиќ се врати во Евролигата - ќе игра за Баерн Минхен!
Димитријевиќ потпиша договор со Баерн Минхен до крајот на сезоната, а има опција да ја продолжи соработката на уште една година.
Македонецот ги помина медицинските прегледи, по што беше промовиран како ново засилување на германскиот тим, каде што ќе го носи дресот со бројот 9.
„Баерн Минхен е неверојатен тим со одлична организација. А кога ќе те повика тренер како Пешиќ, тогаш тоа е чест и одлука која се носи без размислување“, кажа Димитријевиќ.
Димитријевиќ претходно играше за Хувентуд, Валенсија, Уникс Казан, Олимпија Милано и Зенит Санкт Петербург.
Фото: EPA